Спиењето на грб е лошо за бремените жени

Ако сте бремена и ако спиете на грб, можеби е време да ја смените положбата бидејќи според научниците ризикот за спонтан абортус е поголем.

Научниците направиле испитувања во осум болници на околу 300 бремени жени, и според резултатите дошле до заклучок дека сите што спиеле на грб имале поголем ризик за спонтан абортус или раѓање на мртвородено дете.

Според научниците, овој начин на спиење го намалува дотокот на крв во матката, а со тоа и во плодот, па можна е неправилна исхрана на плодот и негово оштетување. Сепак научниците велат дека нема место за голема паника доколку се случи некогаш да спиете на грб, само внимавајте тоа да не го правите постојано – додаваат експертите.

За жал, кај половина од жените кои доживеале спонтан абортус причината воопшто не може да се лоцира, па затоа научниците се обидуваат да ја најдат секоја можна поврзаност на околината со спонтаните абортуси.

Научниците не ја објаснуваат причината во целост, но потенцираат дека и други истражувања укажуваат на поврзаноста на спиењето на грб и спонтаниот абортус.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -