Музикална терапија за стари лица (видео)

музикаВо неговата младост тој секогаш си потпевнувал со неговите омилени бендови од четириесетите и педесеттите. Но по десет години поминати во дом за старци Хенри бил депримиран и не реагирал на ништо. Неговата ќерка Чери се сеќава дека кога бил помлад татко и бил весел и танцувал како Џин Кели во “Singing in the Rain”. Таа вели дека од него е останата само непрепознатлива сенка.

Но кога Хенри добил iPod полн со неговата омилена музика за новиот документарен филм “Alive Inside” се случило нешто неверојатно. „Тој веднаш се буди“ рекол Оливер Сакс, невролог и автор кој ги истражувал терапевтските придобивки кои старите лица можат да ги добијат од музика за потребите на филмот. „Неговото лице добива израз, неговите очи се ширум отворени и започнува да си потпевнува и да се ниша, музиката го анимира.“

{youtube}NKDXuCE7LeQ{/youtube}

Извадокот од филмот, за кој доктор Сакс работел заедно со социјалниот работник Ден Коен, станал интернет хит и е изгледан речиси 1,5 милиони пати на YouTube. Во видеото се гледа Хенри пред да ја добие музиката, наведнат во неговата количка. Сестрата Ивон Расел вели дека Хенри не разговарал со луѓето и често не одговарал и на наједноставните прашања. Но по добивањето на музиката старецот станува пожив, запрашан дали сака музика тој одговорил: „Луд сум по музика.“

Тој вели дека Кеб Каловеј бил неговиот омилен изведувач и дека омилена песна му била “I’ll Be Home for Christmas” снимена од Бинг Крозби во 1943 година. Хенри дури почнал да пее и да танцува. Кога го прашале каков ефект има музиката врз него тој одговорил: „Ми дава чувство на љубов, романса.“

- Реклама -