„Џек и Џил“ рекордер според Златни Малини

СендлерКомичарот Адам Сендлер и неговиот филм „Џек и Џил“ доминирале на овогодинешното доделување на Малините во неделата. Филмот успеал да ја освои наградата во сите десет категории за најлоша изведба.

Фондацијата Златна Малина вели дека оваа комедија, во која Сендлер ги игра и машката и женската главна улога, е првиот филм во 32 годишната историја на овие награди кој успеал да ги собере наградите во сите десет категории за најлоша изведба во 2011 година. Оскаровецот Ал Пачино исто така бил прогласен за победник во натпревар создаден како реакција на љубовните филмови кои доминираат во Холивуд за време на сезоната на награди и завршува со Оскарите на крајот на февруари.

Оваа година наградите беа доделувани на први април за разлика од традиционалното доделување на ноќта пред Оскарите. Пачино, кој се игра себе си во кусо појавување во „Џек и Џил“, бил прогласен за најлоша споредна улога и бил спомнат и во најлошата филмска двојка со Кејти Холмс. 45 годишниот Сендлер бил изгласан за најлош актер, најлоша актерка и ја делел наградата за најлош тим. Сендлер помогнал и во пишувањето на филмот кој исто така победил и во категориите најлош филм, најлош римејк, најлош режисер и најлошо сценарио.

Победниците биле одредени од 650 членови на Фондацијата Златна Малина, и повеќе од 35.000 гласови на сајтот Rotten Tomatoes. Организаторот изјавил дека „Џек и Џил“ добил многу малку повеќе гласови од хитот „Самрак: Зазорување – прв дел“. [Sandler’s “Jack and Jill” goes downhill at Razzies]

- Реклама -