400 евра месечно од парите на граѓаните Специјалното јавно обвинителство одвојувало за куќата во населбата Козле, каде под кирија живееше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред да биде притворена како третоосомничена во случајот „Рекет“, објави „Канал 5“.
Според правилникот за работа, обвинителите имаат право на 300 евра за кирија и уште 100 евра за комуналии средства од буџетот. Остатокот, во случај киријата да е поголема, обвинителот ги плаќа сам.
Во анкетниот лист не е наведена оваа адреса на живеење на Јанева. Според Антикорупциска, се работи за дупка во законот, со која функционерите немаат обврска да ја наведат адресата на живеење доколку во меѓувреме ја променат. Оттаму, во анкетниот лист на Јанева сè уште стојат „само“ куќата во Гевгелија и двата стана во Скопје на име на нејзините деца. Повеќе ТУКА.