40-то јубилејно отворање на „Млад отворен театар“

Вчера со претставата „Пред“ на танц-групата од Швајцарија во „Македонската опера и балет“, официјално беше отворено јубилејното издание на Интернационалениот театарски фестивал „Млад отворен театар 2015“.

MOT7

Групата „Алијас“, со нивниот жесток перформанс ја воодушеви публиката. Потоа, од 22:30 часот се одигра и претставата „Комплекс Ристиќ“.

Љубителите на оваа уметност до 28 септември ќе уживаат во програмата на 40-то издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија. Овогодинешниот МОТ, под мотото „Бариери“ ќе се одржува на повеќе различни сцени низ Скопје, меѓу кои МКЦ, МОБ, Универзална страна, Драмски театар, Театар комедија, Музеј на холокауст и МНТ.

Подетални информации за програмата на www.mot.com.mk

- Реклама -