Со калемење на постоечките стебла, уметник и научник од Њујорк успеа да создаде „магично дрво“ кое раѓа повеќе од 40 различни видови на овошје.Кога Сем Ван Акен, во 2008. година открил овоштарник во Њујорк што содржи стебла од дрвја со плодови, стари 200 години и препуштени да изумрат, одлучил да ги откупи за да го спаси видот, но и да експериментира.
Со калемење тој создал дрво со 40 различни плодови како што се кајсии, сливи, црешни, праски, бадеми.
Една од предностите на ова хибридно дрво е што овошките созреваат во различни временски периоди.
Ван Акен засега произвел 16 магични стебла, кои се претставени во музеј во Њујорк. Идејата на овој проект е да се прошири културата на диверзитетот и заштитата на сортите.