4 трикови со кои брзо ќе се ослободите од подочниците

Многу жени, а и понекој маж, мака мачат со темни и пропаднати подочници кои понекогаш не можат да ги скријат ни сите богатства на козметичката индустрија. Но, постојат неколку трикови како да се ослободите од нив на брз и лесен начин.

Кожата во пределот на очите е потенка од кожата на лицето, а како што старееме таа дополнително се истенчува и ја губи еластичноста. Затоа ако сте склони на подочници низ годините тие ќе стануваат се поизразени.

Но постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да ги победите тие големи женски непријатели. Доволни се овие четири едноставни трикови.

Пијте барем два литри вода дневно Conceal-Under-Eye-Circles

Долг и мирен сон, здрава и редовна исхрана, што е можно помалку алкохол и цигари и престој на свеж воздух се добредојдени за свеж изглед на лицето и помалки подочњаци. Но, исто така многу е важно да пиете барем два литри вода дневно, бидејќи таа го чисти организмот од тетни состојки. Обратете внимание и на тоа навечер да не јадете јака храна.

Спијте на перница

Темни подочници и отечените капаци се јавуваат кај луѓе кои спијат на стомак. Тогаш во капаците се собира крв, па се создаваат отоци. Од тие причини спијте на грб и по можност секогаш на перница.

Ладете ги местата околу очите

Во многу случаи студот може да помогне бидејќи ја забрзува циркулацијата и ги намалува отоците. Ставете лажица во фрижидер пет минути и потоа ставете ја на просторот меѓу очите или ако повеќе ви одговара, купете готова маска со исто својство.

“СОС” препарати

Ако имате изразени подочници користете креми богати со Ц и К витамин.

- Реклама -