Универзумот е полн со чудни супстанци, почнувајќи од течниот метал, па сè до она мистериозно нешто што го одржува Лери Кинг жив. Но, зошто да се восхитуваме на материите што ги создала природата, кога можеме да создадеме нови материи и да ѝ се насмееме в лице на физиката. Еве ги четирите најимпресивни такви супстанци.
Универзумот е полн со чудни супстанци, почнувајќи од течниот метал, па
сè до она мистериозно нешто што го одржува Лери Кинг жив. Но, зошто да
се восхитуваме на материите што ги создала природата, кога можеме да
создадеме нови материи и да ѝ се насмееме в лице на физиката. Еве ги
четирите најимпресивни такви супстанци:
4. Фероликвиди
Кога ќе потопите наночестички од железо во раствор од вода, нафта и тензиди (супстанци кои го намалуваат површинскиот притисок на водата), добивате фероликвиди. Оваа супстанца е импресивна затоа што реагира чудно под дејство на магнетни полиња. Оваа материја наоѓа примена во подмачкувањето хард-дискови, изработката на звучници, но најважно од сè – изгледаат фантастично:
Аерогелот, исто наречен и смрзнат чад, е составен од 99% воздух и 1% силикон диоксид. Покрај тоа што изгледа како магија, неговиот структурален интегритет го прави одличен изолато, а истиот е и огноотпорен.Дополнително, аерогелот може да издржи неверојатни тежини, во пропорција до 4000 пати потешки од парчето кое се употребува. Се користи за внатрешна изолација на вселенските летала, со цел да се спречи студот на вселената да не ги убие астронаутите. Попроѕирни видови аерогел се користат и за изолација на прозорци, а од него е направено и најлесното пинг-понг топче на светот:
Нењутонска течност е течност која се претвора во цврста материја кога врз неа ќе се нанесе доволно притисок. За сега нема некоја практична примена, но војската има наумено да направи панцири со ваквите течности. Тоа ќе биде како да носите џемпер полн со желе кој ќе се претвори во панцир, само доколку ве удри куршум. Практично, нели?
Можеби се сеќавате на Стар Трек 4, кога Скоти порача проѕирен алуминиум за со него да спасат китови кои им беа потребни за во иднината (во тоа време, тоа изгледало како добра идеја). Во филмот, концептот за постоење таква материја ги збуни научниците, иако ваква материја постои веќе подолго време. Оригинално, во оваа класа влегуваа само сафирите и рубините (обата се проѕирни и главно составени од алуминиум), но потоа човекот си рече – зошто само природата да се забавува? И така настана вештачкиот проѕирен алуминиум – проѕирен метал кој е цврст колку челик. Одново, првичната примена ќе биде воена, зашто и овој материјал ќе се искористи за правење на персонален оклоп за војници, а подоцна, можеби и за прозорци за авиони кои нема да се скршат доколку авионот удри гуска летајќи со мах 4.