Првата асоцијација за глобалното затоплување секогаш е негативна и неминовно сврзана со претворање на нашата планета во џиновска рерна во која еден ден ќе се испечеме. Но, зачудувачки, дури и глобалното затоплување има некои позитивни аспекти.
Првата асоцијација за глобалното затоплување секогаш е негативна и неминовно сврзана со претворање на нашата планета во џиновска рерна во која еден ден ќе се испечеме. Но, зачудувачки, дури и глобалното затоплување има некои позитивни аспекти.
1. Глобалното затоплување можеби ќе го оддолжи следното ледено доба
Луѓето многу подобро се снаоѓаат на екстремни жештини, отколку на екстремен студ. Тоа најдобро се гледа од фактот што далеку поголем број население е концентрирано околу екваторот, отколку во близина на половите. Кога на ова ќе го придодадете и фактот дека храната има проблеми со растењето под покривката од мраз и снег, ќе сфатите дека жештината и не е така лоша.
Следниот геолошки период во земјените циклуси е ново ледено доба, кое ќе настане поради малото поместување на земјината орбита околу сонцето. Доколку не беа огромните автомобили, страшните фабрики и милионите краварски фарми кои несебично придонесуваат за ефектот на стаклена градина, веќе ќе имавме неподносливи зими кои ќе земаа голем број човечки жртви.
2. Глобалното затоплување ќе ги зголеми приносите
Ако сте земјоделци, глобалното затоплување и вам ќе ви стане пријател. Со помош на зголемената температура, неплодните предели ќе започнат да се претвораат во плодни полиња кои ќе имаат помалку периоди на премрзнување, со што ќе има и повеќе жетви и автоматски поголеми приноси. Дополнително, имајте на ум дека растенијата во процесот на фотосинтеза користат CO2, кој сега го има во изобилство. Од друга страна пак, глобалното затоплување може да ги наруши циклусите на врнежи, отежнувајќи го производството на храна на некои места на планетата. Ама, затоа постои вештачкото наводнување.
3. Глобалното затоплување може да го намали бројот на ураганите
Со секој следен ураган што пустошеше во САД, почнаа да се јавуваат сѐ поголеми грижи дека глобалното затоплување ќе го зголеми бројот на урагани, затоа што ја подигнува температурата на океаните, а потопли океани значат и поголемо испуштање на топлина, што значи и повеќе урагани. Сепак, последното океанографско истражување покажало дека врската е обратнопропорционална – колку океаните стануваат потопли, толку помалку урагани. Но, оние урагани кои ќе настанат ќе бидат далеку посилни.
4. Глобалното затоплување можеби ќе ги спаси дождовните шуми
Стотици години наназад човештвото систематски ги уништува дождовните шуми за да направи повеќе пасишта и обработлива почва. Многумина беа загрижени дека намаленото количество врнежи околу екваторот (што се должи на глобалното затоплување) ќе ги докрајчи дождовните шуми. Во реалноста се покажа сосема спротивното. Се чини дека дождовните шуми побргу се регенерираат во посуви услови. Иако количеството врнежи е намалено, зголемена е директната изложеност на сончева светлина (поради помалку време со покривка од облаци) со што се зголемува и ефикасноста на фотосинтезата. Откако глобалното затоплување започна да пустошува по планетава, дождовните шуми се во најдобра состојба уште од почетокот на нивното уништување… барем додека не се потрудиме повеќе и рачно да ги докрајчиме.