4 Ноември, Светскиот ден на климатските промени, е ден кога низ целиот свет се организираат различни активности и кампањи кои имаат за цел да го предупредат населението на негативните последици што ваквите промени можат да ги предизвикаат.
Промените регистрирани во изминатите години, како и оние што се предвидуваат во следните 80 години се смета дека настанале како резултат на човекови активности, а не како последица на природните промени во атмосферата.
Ефектот на стаклената бавча е многу важен кога зборуваме за климатските промени бидејќи се однесува на гасовите кои Земјата ја одржуваат топла и на кои им припаѓа најголемата заслуга за постоењето на животот на неа.
Најновите истражувања покажале дека климатските промени и глобалното затоплување директно предизвикале нестанок на одделни видови организми.
Климатските промени до 2100 година ќе доведат до покачување на температурата на Земјата за 1,4 до 5,8 степени Ц. Овој негативен ефект кој климатските промени го предизвикуваат се всушност различните временски непогоди што предизвикале бројни катастрофи, погодувајќи одделни делови од планетата и предизвикувајќи непроценлива штета на стопанството и на општеството во целина.