Жените обожаваат да ги компликуваат работите, особено кога се на почеток на врската. Тогаш со задоволство го ставаат партнерот на испит, сакаат да ја „зачинат“ чорбата кога и да имаат прилика и го ставаат во искушение на разни начини за да ја проверат неговата реакција.
Токму поради тоа, почетокот на врската, колку и да е интересен, знае да биде и полн со интриги, благодарение на дамите.
А еве ја листата на најчестите женски игри:
1. Игра на чекање
Не постои жена на оваа планета која не ја усовршила играта во која доцни и така го принудува мажот да ја чека. На жените тоа им е забавно, поради тоа што се чувствуваат доминантни во врската.
2. Игра „замка“
Оваа игра е вообичаена кај повеќето жени во 20-тите и 30-тите години. Жените често ги прашуваат своите партнери дали изгледаат дебело во некоја облека. Доколку мажот каже дека изгледаат пополнето, тоа нема да донесе ништо добро, а доколку одговори „не“, жените ќе почувствуваат дека на нивните партнери едноставно не им е грижа. Затоа внимавајте што зборувате.
3. Игра на недостижна девојка
Ова е уште една игра која секоја жена ја игра на почетокот на врската, без оглед на годините. Жената тоа го прави за да го спушти мажот на земја, да се почувствува важна или да дознае дали е вреден да му го посвети вниманието.
4. Игра во која жените глумат дека не знаат нешто да направат
Повеќето жени знаат да извршат одредени работи, но, сепак, бараат од мажите да го направат тоа за нив, правејќи се дека не се разбираат.