Барањето работа многу често знае да стане фрустрирачко. Но, најважно е да имате трпение, да се сконцентрирате на правилна потрага наместо со брзање да направите грешки кои можат да ве уназадат. Затоа, гледајте да ги избегнете овие 4 начини на барање работа.
Барањето работа многу често знае да стане фрустрирачко. Но, најважно е да имате трпение, да се сконцентрирате на правилна потрага наместо со брзање да направите грешки кои можат да ве уназадат. Затоа, гледајте да ги избегнете овие 4 начини на барање работа:
1. Обиди се секаде
Ова е основната грешка што ја прават сите кои се во потрага по работа, притиснати од беспарицата. Трчањето по секое можно работно место, многу често знае да ве однесе во ќор-сокак и на крајот да останете со помалку пари во џебот отколку кога сте ја започнале потрагата. Некои работни места не плаќаат добро (или не плаќаат воопшто), кај други не постои можност за напредување итн. Секогаш треба да се фокусирате на една цел, да ја истражите и да го присбособите вашето CV за тоа работно место.
2. Саеми за работа
Најчесто, саемите за работа се ужасно губење време. Најголемиот дел од компаниите тврдат дека нудат работа, но ќе забележите дека речиси никој не прифаќа CV-a. Тоа се случува зашто најголемиот дел од нив ги користат тие прилики за себепромоција, а не за регрутирање нови кадри. Не значи дека никој никогаш не нашол работа преку саем, но шансите за тоа се навистина мали и не треба да се надевате на тоа.
3. Сертификати и дипломи кои никој не ги сака
Многумина, во текот на потрагата по работа, за да избегнат депресија, одат на дополнителни курсеви и тренинзи. Проблемот е што нив најчесто никој не ги сака, т.е. не се корисни за добивање работа. На крајот, излегува дека сте ги потрошиле парите на нешто што е апсолутно неважно. Избегнувајте курсеви освен ако не знаете дека тие ги зголемуваат шансите за добивање работа.
4. Плаќање посредник
Посредниците или агенциите кои ви наплаќаат за наоѓање работа обично се измамници. Вистинските посредници работат за компаниите. Нивна задача е да ги најдат најдобрите луѓе за работните места кои им требаат. Затоа бегајте подалеку од оние што ви ветуваат работа за мал надомест. (Можен исклучок се агенциите кои ви нудат работа во странство, но и во овој случај – бидете многу внимателни!)