4 хит песни кои за малку немало да бидат издадени

Мајкл Џексон Сите препознаваме хит песна штом ќе ја чуеме. Дури и ако не ја препознаеме, луѓето како Кит Ричардс и Квинси Џонс би требало да ја препознаат, зашто тоа им е работа. Но, не било толку едноставно колку што сме мислеле. Постојат многу масивни хитови кои, доколку само една работа тргнела поинаку, никогаш немало да бидат издадени. Следи листата на четирите највпечатливи.


Сите препознаваме хит песна штом ќе ја чуеме. Дури и ако не ја
препознаеме, луѓето како Кит Ричардс и Квинси Џонс би требало да ја
препознаат, зашто тоа им е работа. Но, не било толку едноставно колку
што сме мислеле. Постојат многу масивни хитови кои, доколку само една
работа тргнела поинаку, никогаш немало да бидат издадени. Следи листата
на четирите највпечатливи:

Кит Ричардс4. "I can’t get no satisfaction" – Rolling Stones

Како и многу добри нешта во животот, така и оваа песна се родила среде една ноќ. Кит Ричард изрипал од кревет, и тоа зачудувачки, од причини кои немале никаква врска со хероин. Во главата имал заглавен риф, кој едноставно морал некаде да го запише. И не само што го запишал, туку и го снимил, а снимајќи, се сетил и на рефренот кој е воедно и наслов на песната. Кога следното утро се разбудил и заедно со Мик Џегер го преслушувал снименото, веднаш изјавил оти е ужасно, зашто му звучело премногу „народно“. Но, нештата не застанале тука.

Подоцна, остатанатите членови од бендот морале да го одвлечкаат Ричардс во студиото и да го присилат да ја сними песната која тој ја напишал и им ја пуштил. Дури и откако ја снимиле, тој го сметал отсвиреното за „ѓубре“ и недовршено демо. Кит едноставно не можел да се задоволи.

На крајот, сите други од бендот, менаџерот, тонецот во студиото и веројатно некои случајни минувачи кои го чуле звукот, го надгласале Ричардс и било одлучено да биде издаден синглот. „Ѓубрето“ на Кит помина 2 недели на врвот од американската топ листа на најпродавани синглови, а песната стана една од најпрепознатливите дела на Стоунс.

Принц3. "Kiss" – Prince

Сакајте го или мразете го, на крајот сепак останува фактот дека Принц го покори светот на поп-музиката во осумдесеттите. Во времето кога беше на врвот од својата слава, како и секој друг талентиран музичар, започна да зема бендови под свое закрило и да прави песни за нив. Еден од тие бендови бил и Мазерати (читајќи натаму ќе откриете зошто никогаш не сте чуле за овој бенд).

Принц знаел дека некоја песна не е доволно добра за него, веднаш штом ќе ја напишел. Затоа, кога ја напишал "Kiss", веднаш им ја однел на Мазерати и им кажал да влезат во студио. Откако снимале со часови, не успевајќи да извлечат нешто добро, се откажале. Тонецот, Дејвид З. направил мал експеримент, ставајќи вокали од Принц врз снимената музика и потоа добиеното му го однел на екцентричниот Принц. Овој пат, песната му се допаднала и тој решил да ја зачува за себе. Сам влегол во студио и започнал да сече, да додава, да менува делови, се ослободил од бас-траката и на крајот го добил она што денес го знаеме како еден од најголемите хитови на Принц.

Но, приказната не завршува тука. Кога ја однел во издавачката куќа, тие одбиле да ја издадат, зашто звучела како демо песна со само 8 различни траки. Вообичаено, во поп-песните најмалку толку има само за вокалниот дел. Но, по една екстензивна караница, песната била издадена таква каква што била приложена и веднаш се искачи на првото место.

Еуритмикс2. "Sweet Dreams (Are Made of This)" – Eurythmics

Бендот кој денес е најпознат по тоа што „ја напишал онаа песната од Мерлин Менсон“ за малку не само што немало да ја напише песната, туку ќе престанел и да постои. Токму пред да дојдат до идејата, Ени Ленокс и Дејв Стјуарт заминале од издавачката компанија, откако првиот албум им останал незабележан од публиката, без ниту еден хит. Не можејќи да најдат нова издавачка куќа, се обиделе да снимат нешто во импровизирано, домашно студио. Кога и тоа не одело, а Ени се заканила дека веќе не може да издржи и ќе си замине, Дејв случајно ја пуштил наназад синтетизираната бас линија, се родил хитот. Ленокс ја чула мелодијата и не можела да одолее. Седнала на синтисајзерот и започнале со снимање. Музиката и текстот од „онаа песна од Мерлин Менсон“ всушност излегле спонтано, на првото снимање. Судејќи според спотот за песната, веројатно и заплетот на приказната во него излегол во истиот момент, а потоа не се потрудиле да направат подобрувања.

Мајкл Џексон1. "Billy Jean" – Michael Jackson

Откако "Off the Wall" помина одлично и кај публиката и кај критичарите, би помислиле дека секој музичар кој штотуку ја започнува својата соло кариера би бил задоволен. Е, па не и Мајкл Џексон. Тој бил лут затоа што албумот не ја добил наградата за албум на годината и ветил дека ќе се врати со нешто што ќе го стресе светот.

Прво нешто што сторил било отупштањето на тактко му како менаџер. Потоа, започнал соработка со Квинси Џонс и тука започнува работата на вториот албум. Се зборува дека двајцата музичари започнале со преку 300 оригинални песни, за со селекција, да стигнат до 9 колку што се најдоа на албумот. Една од нив беше и „Били Џин“.

Мајкл знаел дека има хит, уште кога песната му била во умот и бил сконцентриран само на тоа и ништо. За несреќа, Квинси Џонс не мислел така. Тој рекол дека песната инспирирана од случај на убиство-самоубиство е преслаба за тој албум. Откако Џексон инсистирал да се задржи песната, Џоунс направил чуда за да го направи звукот понеобичен. Имало пеење на пратечките вокали низ картонски цевки, тапанарот добил бетонски блокови и парчиња дрво како дополнување на инструментите, а бил донесен и човек кој свирел на инструмент што се вика лирикон. На крајот, некако успеале да дојдат до точка кога обајцата биле задоволни од финалниот производ – масивниот хит кој го знаеме денес.


Нормално, приказната не завршила тука. Видеото за оваа песна било одбиено од MTV, поради нивната тогашна политика оти Црнците не се доволно „рок“ за да бидат на таа музичка телевизија. На страна фактот што ова е тотално расистички, истовремено покажува оти МTV немаат никакво познавање од музичката историја. Но, тоа е друга приказна. За среќа, оваа завршила со заканата од претседателот на CBS дека ќе ги повлече сите музичари од MTV доколку песната од Џеко не биде пуштена. MTV дозволиле Били Џин да се појави на малите екрани, а потоа сите заборавија дали некогаш се тргна од нив.

„Трилер“ стана најпродаваниот албум на сите времиња, а несомнено е дека оваа песна имаше голем придонес во огромниот успех.

- Реклама -