Доколку сте биле подготвени да одвоите време и пари за педикир, потрудете се изгледот кој после него го добиле стапалата да потрае што подолго. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го сочувате свежиот изглед на стапалата што подолго.
После педикир „скокнете“ во апостолки
Откако професионалците во салонот ќе завршат со вашите стапала, и самите морате да обрнете внимание на нив за да го зачувате негуваниот изглед што подолго.
Апостолките се одлични обувки за оваа пригода бидејќи тие немаат никаков контакт со нозете. Балетанките или било кои други затворени обувки ве водат кон ризик да расипете некој од слоевите кои ви се нанесени на ноктите.
Дајте си време
Иако е вообичаено времето за чекање во салонот после педикирот да е околу 15 минути, на сите слоеви кои се нанесуваат на ноктите им е потребно многу повеќе време за да се исушат, па обидете се што подолго да не ги допирате стапалата со било што.
После релаксирачкиот третман во салонот, обидете се дома да се опуштите со добро заштитени подигнати стапала покрај ТВ или некоја добра книга.
Избегнете ги сите активности кои ве тераат да се потите
Сите знаеме дека после педикир не смеете веднаш да започнете со џогинг, но она што е помалку познато е дека потењето од било каков вид може да ги загрози уредно нанесените слоеви на нокти. Затоа обидете се после педикирот да избегнете и релаксирачки активности како сауна или јога.
Секојдневно користете масло
Она што најмногу влијае на тоа стапалата да ви делуваат запуштено е сушењето на кожата, па обидете се секојдневно да наоѓате време да ги премачкате пределите околу ноктите со спрецијално масло за хидратација, а би било добро да најдете и таков препарат за целите стапала.