Кога барате Wi-Fi мрежа морате постојано да застанувате и да го отварате лаптопот. Тоа не е ефикасно, заморно, а и изгледа чудно. За среќа, тука се овие четири детектори вметнати во облека.
Кога барате Wi-Fi мрежа морате постојано да застанувате и да го отварате лаптопот. Тоа не е фикасно, заморно, а и изгледа чудно. За среќа, тука се овие четири детектори вметнати во облека.
Патики за наоѓање Wi-Fi
Овие патики имаат детектор за Wi-Fi сместен во јазикот на левата патика. Кога ќе ги облечете, вашата тежина ќе го активира прекинувачот кој се наоѓа во ѓонот. Детекторот ќе започне да ја скенира околината и ќе ги прикаже резултатите со помош на три LED диоди. Кога диодите трепкаат тоа значи дека во радиус од 50 метри нема интернет, а колку повеќе диоди светат, толку е посилен сигналот.
Маица која ќе ви помогне да откриете Wi-Fi
Оваа маица е опремена со детектор и има слика од репетитор од кој излегуваат бранови на предната страна. При контакт со сигнал брановите почнуваат да светат со што го покажуваат и интензитот на сигналот. Детекторот е компатибилен со 802.11b/g и работи на три ААА батерии кои се вметнуваат во мал џеб во маицата.
Слично како и маицата, и оваа капа е комбинација на технологија и облека. Брановите на предната страна светат кога сте во близина на Wi-Fi сигнал. Повеќе осветлени бранови значат посилен сигнал.
Покрај тоа што изгледа добро, овој ранец ќе ви овозможи да најдете Wi-Fi мрежа. Силата на сигналот ќе ви биде прикажана на малиот дисплеј. Ранецот е дизајниран за безбеден транспорт на лаптопи до 15,6 инчи со сите придружни елементи. Исто така има и дополнителни џебови за мобилни телефони, mp3 плејери, прибор за пишување и слични ситни предмети.