4 ПРОВЕРЕНИ ТРИКОВИ ЗА НАЈДОБРА ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА: Нема да биде тврда или со грутки

1. Секогаш се меша со метална лажица

Чоколадото секогаш мешајте го со метална лажица или жица, доколку користите дрвени мешалки, можете да го „соберете мирисот“ на претходното јадење.

2. Доволно е тивок оган

За да не изгори глазурата и да нема грутчиња, важно е да се стопи чоколадото на тивок оган.

3. Користете суви садови

Користете чист и сув прибор при топење на чоколадото. Не ставајте капак на тавата, за да не паднат капки вода во чоколадото.

4. Проверен рецепт

Користете проверен рецепт за чоколадна глазура, со кој нема да погрешите. На 100 гр чоколадо додадете 2 лажици масло, измешајте на тивок оган и прелијте го со десертот.

- Реклама -