Ко-основачот на 3D Photoworks Џон Олсон за Ројтер вели дека уште од мали нозе е заљубен во сликите и не може да го замисли животот без нив. Пред некое време добива желба да се обиде да ги усреќи и оние кои не можат да уживаат во тоа што за него е најголема пасија, слепите луѓе. Тоа всушност го мотивира да развие 3D принт процес со што би им овозможил на слепите да можат да ги видат уметничките дела.