Од сабајле до 14 часот денеска казни за 13 пешаци во Гостивар, ќе посетуваат и сообраќајна поука

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, денес (12-април) во период од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 24 пешаци ( ТЕ-11 и ГВ-13). Најголемиот број од пешаците 23 ги преминувале улиците надвор од обележани премини.

На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки, соопшти полицијата.
СВР Тетово го повторува апелот до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Извор