СПАК: Во Косово се купуваат експлозиви за платени убиства, албански групи во странство нарачуваат пиштоли

Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, што се однесува до шверцот со оружје, во последниот извештај наведува дека постои растечки тренд на криминални групи кои нарачуваат огнено оружје во странство, главно  од типот „пиштол“ и обезбедување експлозивни средства во Косово.

– Трговијата со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со дрога и кои се карактеризираат со висока употреба на насилство, стои во извештајот, јави Ора њуз.

Се додава дека употребата на експлозиви продолжува да биде едно од средствата што се користат за нарачани убиства.

– Во последно време се забележува растечки тренд на криминални групи кои во странство нарачуваат огнено оружје од типот „пиштол“. Се забележува и тенденција на раст на купување експлозиви во Косово, се наведува во извештајот на СПАК.

- Реклама -