Француски медиуми: Владини служби во Франција под кибер напади со „невиден интензитет“

Врз владини служби во Франција се извршени кибер напади со „невиден интензитет“, јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во кабинетот на премиерот.

ТВ Бе-Еф-Ем објави дека компјутерските напади започнале вчера, Според владин извор, во оваа фаза нема докази за руски напад.

Како резултат на кибер нападите, услугите што ги дава владата не биле нарушени, пренесоа француските медиуми.

- Реклама -