Борел: Ќе предложиме режимот на санкции за човекови права на ЕУ да го носи името на Навални

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел денеска најави дека на европските министри учесници на заседанието на Советот за надворешни работи ќе им предложи режимот на санкции на Унијата воведни поради непочитување на човековите права да биде именуван по името на починатиот руски опозициски лидер Андреј Навални.

Борел најави дека на заседанието на Советот ќе присуствува и сопругата на Навални, Јулија Навалнија, која ќе упати политичка порака за тоа како да се поддржи опозицијата во Русија против режимот на претседателот Владимир Путин.

– За време на викендов многу луѓе демонстрирана на улиците на Русија, во Санкт Петербург и Москва против репресијата. Многу од нив се приведени и осудени и ние мора да им изразиме политичка поддршка, изјави Борел пред почетокот на заседанито на Советот.

Тој додаде дека покрај за поддршката на руската опозиција во нивната борба за слобода, на заседанието ќе стане збор и за политичката и воената поддршка на ЕУ за Украина во пресрет на двегодишнината од почетокот на руската агресија врз земјата, како и за случувањата на Блискиот Исток.

- Реклама -