Трејлер за The A-Team (видео)

Повеќе...За сите обожаватели на култната серија од 80-тите, ова е навистина пријатно изненадување. Премиерата на овој филм направен според истоимената серија е закажана за 11 Јуни 2010.

За сите обожаватели на култната серија од 80-тите, ова е навистина пријатно изненадување. Премиерата на овој филм направен според истоимената серија е закажана за 11 Јуни 2010.

Сценарист е Michael Brandt и тој вели дека овој филм ќе биде од типот на Die Hard, The Bourne Identity и Casino Royale. Екипата на филмот е сменета во целост и тоа:

– Лиам Нисон е Џон „Ханибал“ Смит
– Бредли Купер е Темплтон „Лицето“ Пек
– Квинтон „Рапмата“ Џексон (професионален борач) е Б.А. Баракус
– Шарлито Купли е „Лудиот“ Мердок
– и секако, Џесика Биел.

Дали филмот ќе ги исполни очекувањата, останува да видиме. Режисерот Џо Карнахан има тешка задача: филмот треба да го има стариот шмек и веќе познатите шеги од серијата, но и да биде модернизиран за денешницата. За споредба еве ги двата тима, стариот и новиот:

Тимот од 80-тите
ateam460

Тимот од 2010

ateam-group-431

Ако сте фан на серијата (како мене), погледнете го трејлерот подолу.

{youtube}yjTP9VR1DfQ{/youtube}
- Реклама -