Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за пресудата за „Ласкарци“: Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала казна од 4 години, а шестообвинетиот најголема од 14 години

„Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала казна од 4 години, а шестообвинетиот најголема од 14 години“, реагираат од најголемата опозициска партија по денешните пресуди во судскиот случај за трагедијата кај Ласкарци.

„После 5 години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ, денес случајот Дурмо Турс има разрешница која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања“, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот – газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот – шестообвинет – најголема (14 години).

Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет“, велат од партијата.

„Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници. Почитувани, затоа довербата во судството е само 2 проценти. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, се додава во реакцијата.

- Реклама -