Home 365 Денес Борел: Оваа година е клучна во борбата против дезинформациите

Борел: Оваа година е клучна во борбата против дезинформациите

0
Борел: Оваа година е клучна во борбата против дезинформациите

Оваа 2024 година, во која ќе се одржат избори во многу земји, ќе биде „пресудна година“ во борбата против дезинформациите, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Дезинформациите се „една од најзначајните закани“ со кои мора да се соочат демократиите, рече Борел презентирајќи го вториот извештај на оваа тема.

Со текот на годините, Русија развиваше „огромна инфраструктура наменета да лаже, манипулира и дестабилизира во масовни размери“, предупреди Борел.

Тоа е „закана за безбедноста“ на демократијата и потребна е „борба против индустријата што произведува лаги“, додаде тој.

Во вториот извештај проучени се 750 случаи на дезинформации ширум светот со препораки за подобра борба против нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here