Орбан го покани шведскиот премиер на преговори за членство во НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО алијансата, која е во застој од Унгарија и Турција.

-Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием на Шведска во НАТО, напиша Орбан на социјалната мрежа „Х“.

Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, Шведска и Финска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за членство во Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Во меѓувреме, Финска стана членка, но Шведска беше запрена на својот пат од Унгарија и Турција.

Турскиот претседател Таип Ердоган му приговара на Стокхолм за наводно заштита на групи кои Анкара ги смета за терористички, а Орбан тврди дека нема закана за безбедноста на Шведска, која „неразумно ги обвинува“ унгарските власти за поткопување на демократијата.

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент го одобри барањето на Шведска минатиот месец, што е прв чекор во процесот на ратификација.

- Реклама -