5 работи кои не сте ги знаеле за Роман Полански

jpg_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyЕден од најголемите режисери на денешницава – Роман Полански, е неоспорен мајстор на психолошки филмови кои создаваат кошмари, од неговите нaјстари, па се до неговите најнови филмови. Неговиот личен живот, кој вклучува бегање од нацистите, губење жена и неродено дете и соочувајќи се со големи легални проблеми – е поголема драма од кој било негов филм. И додека неговата судбина виси на конец, еве 5 работи кои ретко кој ги знае за него.

Еден од најголемите режисери на денешницава – Роман Полански, е неоспорен мајстор на психолошки филмови кои создаваат кошмари, од неговите нaјстари, па се до неговите најнови филмови. Неговиот личен живот, кој вклучува бегање од нацистите, губење жена и неродено дете и соочувајќи се со големи легални проблеми – е поголема драма од кој било негов филм. И додека неговата судбина виси на конец, еве 5 работи кои ретко кој ги знае за него.

1. Познатиот криминал на Роман Полански – бил извршен во куќата на Џек Николсон!

Прво од работите што не ги знаете за него е дека неговото познато криминално дело било извршено во една од најпознатите куќи во Холивуд. Правните проблеми на Полански започнаа во САД во 1977, за време на двете фото сесии во кои учествувала 13 годишната Саманта Геимер, надежен модел кој се обидувала да биде во францускиот „Vogue“ за мажи – за кој Полански бил замолен да учествува како гостин уредник. Двајцата веќе снимале филм за еден ден – за кое додека траело Полански ја замолил девојката да ги смени алиштата пред него, и го завршувале снимањето за вториот ден, кое било во куќа на Mulholland Drive, домот на Џек Николсон, врата до врата со Марлон Брандо. Полански сексуално ја нападнал Геимер во домот на Николсон, злосторство кое го држеше надвор од границите на САД следните три декади.

2. Роман Поласнки режирал четири улоги номинирани за Оскар

adrien_brody_copy_copy_copyИако Роман Поласнки има репутација дека е ситен и низок режисер, тој го вади најдоброто од своите актери. Тој бил режисер на четири актери кои добиле номинација за Оскар: Рут Гордон за филмот „Rosemary’s Baby“, Џек Николсон за филмот „Chinatown“, Феј Данавеј, исто така за „Chinatown“ и Адриен Броди за „The Pianist“.
Од нив, само Гордон и Броди добиле Оскар.

3. Роман Полански избегнал одење во Аушвиц

polanski-tateУште една работа која не ја знаете е дека тој избегнал да биде убиен – двапати.

Роден во Париз во 1933, Роман Полански имал само три години кога неговото семејство се преселило во Краков, Полска и биле заробени во неславното гето на Краков, каде што нацистите држеле илјадници жители за да ги пратат во концентрациони логори (Полански многу веродостојно го прикажал гетото во неговиот филм од 2002 „The Pianist“). Неговиот татко, кој го охрабрил да избега од гетото низ исечена жица, преживеал во камповите, но не и неговата мајка – таа починала во Аушвиц.

Подоцна, кога Чарлс Менсон им диктирал на своeтo „семејство“ да влезат во куќата на 10050 Cielo Drive, внатре ја нашле сопругата на Полански, Шерон Тејт (која била осми месец бремена) и четворица други, и почнале безмилосно да ги убиваат.

Полански за тоа време бил во Лондон и изјавил дека неговото отсуство од куќата таа ноќ е нешто за кое најмногу се кае.

4. Полански е влезен во правната историја на Велика Британија

Во 2004, Роман Полански тужеше еден весник кој објавил приказна дека тој се обидувал да заведе некоја жена за време на погребот на неговата сопруга, Шерон Тејт. Бидејќи не можеше физички да присуствува на судењето, од причини што Британија има договор со САД за екстрадација, Полански се бореше – и му беше овозможено – да сведочи преку видео линк. Со ова, тој стана првиот човек во Британската правна историја кој го направил тоа. Полански го доби случајот и заработи 50.000 фунти од британскиот суд.

5. Полански бил судија на Miss Universe изборот на убавина

И последното нешто што не го знаете за него е дека тој судел во избор на убавина.
Во 1976 изборот Miss Universe се одржувал во Хонг Конг и Полански бил еден од десетте судии: меѓу другите биле хокеј играчот Фред Вилијамсон и поранешната Бонд девојка – Брит Екланд. Тие ја избраа Рина Месинџер за мис, првата израелска жена во историјата која победила на натпреварот.

Harison_Ford_i_PolanskiDlЗа на крај, нешто што МОЖЕБИ го знаете:

Во 2002 Полански доби Оскар за неговиот филм „Pianist“, за најдобра режија. Бидејќи Полански не стапнуваше на Американско тло, Оскарот го прими Харисон Форд, кој играше во филмот на Полански од 1988 „Frantic“. Кажано е дека тој лично му ја предал наградата во Франција.

Но, иако добитник на Оскар, многу колеги не можеа да го заборават неговото злосторство, па малкумина станаа да ракоплескаат.

Подоцна, кога Чарлс Менсон им диктирал на својата „фамилија“ http://en.wikipedia.org/wiki/Charles_Manson да влезат во куќата на 10050 Cielo Drive, внатре ја нашле сопругата на Полански, Шерон Тејт (која била 8ми месец бремена) и четворица други, и почнале безмилосно да ги убиваат.
- Реклама -