Милеи ги информираше Кина и Русија дека Аргентина нема да се приклучи во БРИКС

Новиот аргентински претседател Хавиер Милеи ја отфрли геополитичката блискост со Кина и Русија, а пред неколку дена испрати писмо до рускиот и кинескиот колега, Владимир Путин и Си Џинпинг, во кое ги информира дека Аргентина се повлекува од мултилатералниот форум БРИКС.

Аргентинскиот претседател за оваа одлука разговарал со неговиот бразилски колега Лула да Силва, индискиот Нарендра Моди и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, објави Инфобае.

Организацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ја приклучи Аргентина на самитот што се одржа во Јоханесбург на крајот на август. На состанокот беше изгласано да се поканат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Иран во БРИКС, кои се клучни земји кога станува збор за договорите за меѓународните цени на нафтата и гасот, почнувајќи од 2024 година.

Министерката за надворешни работи на Аргентина, Дијана Мондино, на крајот на ноември изјави дека земјата нема да се приклучи на организацијата БРИКС.

- Реклама -