Home Култура Филм 15 филмски ликови од вистинскиот живот (втор дел)

15 филмски ликови од вистинскиот живот (втор дел)

0

Повеќе... Еве уште осум случаи кога животот ја имитира уметност (во случајов филмската) и обратно.

Еве уште осум случаи кога животот ја имитира уметност (во случајов филмската) и обратно.

Роки Балбоа од Роки 1-6 (1976 – 2006)
Сиромашен невработен боксер кој добива шанса да се бори за шампионска титула.
Во реалниот живот: Chuck Wepner
rocky_balboa_chuck_wepner.jpg
„Целиот мој живот се борев за да опстанам. Ако ја преживеав службата во војската, мислам дека ќе можам да го преживеам и мечот со Али.“ Chuck Wepner, боксер од Њу Џерси, на крајот на својата кариера доби неверојатна шанса да се бори за шампионската титула во меч со Мухамед Али. Никој не веруваше во него. Но и покрај тоа што беше страшно повреден, Wepner издржа и не  се даваше 15 рунди. После тоа Али се здоби со победа заради техничкиот
нокаут. Wepner дури успеа да го собори Али во 9-тата рунда. „Еј го кутнав!“ му рекол боксерот на својот тренер за време на паузата. „Добро направено, -одговорил тој. – но сега тој изгледа многу налутено.“

Квинт од Ајкула (1975)

Потребно ви е да уловите ајкула? Тогаш потребен ви е Квинт.
Во реалниот живот: Frank Mundus
quint_frank_mundus.jpg
Доколку сакате да уловите голема риба – човекојадец, викнете го Френк. Тој е професионален ловец на ајкули од 1951 и во еден случај улови ајкула од 1350 килограми само 20 метри подалеку од плажите во државата Њујорк. „Истата година уловив уште една голема риба таму, но властите ми кажааа да го сокријам трупот за да не се исплашат и избегаат туристите“ – баш како во филмот.

Danny Ocean – Ocean’s Eleven (1960), Ocean’s Eleven (2001), Ocean’s Twelve (2004), Ocean’s Thirteen (2007)
Кралот на крадците.
Во реалниот живот: Victor Lustig
danny_ocean_victor_lustig.jpg
Мислите дека да се ограби казино во Лас Вегас е голема работа? Пробајте тогаш да му ја продадете Ајфеловата кула на откупувач на старо железо. Но тоа не е единствената работа со која Victor Lustig успеа да се извлече. Имал 45 лажни имиња, перфектно зборувал 5 странски јазици и бил уапсен 50 пати само во САД. Роден во Чешка, тој без сомнение е најголемиот измамник на сите времиња. Lustig успеал да ќари 5.000 долари дури и од мафијашката легенда Ал Капоне.

Џејмс Бонд (1962 – 2006)
Брилијантен супершпиун кој има дозвола за убивање.
Во реалниот живот: Sidney Reilly
james_bond_sidney_reilly.jpg
На почетокот на 20 век на полето на шпиунажата никој не би можел да се спореди со Sidney Reilly, по потекло Русин, кој симултано работел за четири држави (вклучувајќи ја и Британија). Тој успевал да изведе невозможни мисии менувајќи го својот изглед (еднаш и облечен како свештеник успеал да се инфилтрира на јахтата на еден милионер) и во неговата кариера не недостасуваат убиствата, парите и жените. Reilly со задоволство заминал на патување во Москва со цел да го убие Ленин во 1918 и со истиот ентузијазам ја завел жената на рускиот министер за да дојде до информации за оружјето кое било наменето за Германија. Русите го фатија во 1925 и го егзекутираа.

Поручник Пит „Маверик“ Мичел – Top Gun (1986)
Најдобриот стрелец во амриканските воздухопловни сили.
Во реалниот живот: Randy “Duke” Cunningham
pete_maverick_mitchell_randy_duke_cunningham.jpg
Cunningham (Duke) и неговиот навигатор Дрискол (Ирец) биле незаменливите асови за време на војната во Виетнам. Cunningham за малку ќе ја пропуштел шансата – тој бил речиси избркан од воената академија. После војната во Виетнам тој станал инструктор за летање, а подоцна започнал политичка кариера. Во овој момент Канингам отслужува десетгодишна затворска казна заради учество во мултимилионерски скандал поврзан со пензиски фондови.

Телма и Луис – Телма и Луис (1991)
Во реалниот живот: Rose Marie Turford и Joyce Carolyn Stevens
thelma_and_louise_rose_marie_turford_and_joyce-carolyn_stevens.jpg
Во 1994 Turford и Stevens ги заменија своите здодевни провинциски животи со криминална разонода низ САД и Канада. Тие намамиле околу 10 мажи во мотел со ветување дека таму ќе следат садо-мазо игри. После тоа тие ги ограбуваат и го напуштаат местото на злосторството. Отакако подоцна Роуз и Џојс беа уапсени и набрзо ослободени со кауција, тие повторно се впуштаат во авантура. Канадската полиција и FBI мораше да се вложат голем напор за да ги фатат повторно во Торонто. Еден од нивните соседи изјави за печатот дека „Џојс никогаш не би направила нешто такво, таа е толку срамежлива!“

Дон Карлеоне – Кум 1-3 (1972 -1990)
Глава на италијанската мафија во Њујорк.
Во реалниот живот: John Gotti
michael_corleone_john_gotti.jpg
Gotti не ја наследи позицијата глава на криминалниот клан Гамбино, тој ја доби така што го елиминира неговиот претходник. Со истата суровост и агресивност како ликот на филмот на Копола,  Дон Карлеоне, ја исфорсира својата фамилија на врвот на њујоршката мафија. Gotti кој беше познат како „Елегантниот Дон“, поради неговата склоност кон скапи костими, беше насилен кум. Кога во 1992-та беше уапсен од страна на FBI, дел од обвиненијата вклучуваа 13 убиства, лихварство, уцени, рекет, измами…

Енди Дуфран – Бекство од Шошенк (1994)
Мирољубив гениј кој успева да избега од затвор.
Во реалниот живот: Дејвид Мекмилан
andy_dufresne_david_mcmillan.jpg
Трите години од неговата 17-годишна затворка казна му беа повеќе од доволно на осудениот за трговија со дрога, Дејвид Мекмилан. До 1996 тој заврши со сечењето на решетките од неговата ќелија со рачна пила сокриена во постер. Потоа се сокрил под чадор и поминал незабележано покрај стражарите („Помислив дека бегалците не носат чадор“). После бекството купил нов пасош и ја напуштил земјата. Тајландските власти никогаш повеќе не успеаа да се дофатат до него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here