Новогодишен концерт за паметење на „Пијанофорте”


Настан за паметење проследен со долги аплаузи од страна на публиката донесе саботниот новогодишен концерт на приватното музичко училиште „Пијанофорте” од Скопје.

Посветени кон поширокото општествено влијание, и демонстрирање широк дијапазон на хуманите квалитети и културни вредности, музичкото училиште за вистински успех го смета тоа што високите резултати на нивните ученици и на целиот наставен кадар се постигнати во една позитивна, топла атмосфера. Со специјално одбрана програма на дела, овие млади виртуози од светот на класичната музика приредија несекојдневно доживување за љубителите на класичната музика во „Музејот на Македонската Борба” во Скопје.

Образовно-воспитната установа „Пијанофорте” како претставник на културниот младински свет прикажува едно континуирано високо ниво на музичко образование, обезбедувајќи една богата просперитетна иднина кај идните креатори на нашето општество. Во изминативе 24 години професионалниот пристап на приватното музичко училиште од Скопје, „Пијанофорте“ како и извонредниот педагошки однос на вработените создаава трајна љубов кај учениците за инструментот што го свират. Воодушевува фактот дека огромен дел од нив го завршуваат музичкото образование во Пијанофорте и продолжуваат да се занимаваат со музика и понатаму. За “Пијанофорте”, тоа беше прекрасен начин да се заврши полугодието и воедно беше честитка за новата година што следи со искрени желби за уште поголеми успеси.

- Реклама -