„Денешното назначување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е дополнителен доказ дека САД ќе продожат со санкционирање на коруптивните чинители во оваа земја и ширум регионот, независно од нивната позиција, политичка припадност или времето кога ги извршиле злоупотребите“, порача амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Прајс Агелер, по повод одлуката на Стејт Департментот да го стави Анѓушев на „црната листа“ и да го прогласи за неподобен за влез во земјата.
„Ќе следуваат и други назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот, на надлежните и на граѓаните на оваа земја е да бараат одговорност и промена“, порача Агелер.