Лога: Смртната казна е забранета со Уставот, но и би била спас за таквите монструми – треба да лежат доживотно

Министерот за правда, Кренар Лога денеска изрази сочувство до семјствата на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски изразувајќи надеж дека извршителите на ова дело ќе ја добијат најострата казна за ова дело и правдата да излезе на виделина.

На новинарско прашање за воведување смртна казна, Лога рече дека и тој е гневен како и секој граѓанин на оваа држава и дека Уставот ја забранува смртната казна, но исто така имаме и усвоени протоколи и други конвенции, со кои се забранува смртната казна.

-Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава, кои мислам дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат казната до крајот на својот живот, во нивната свест што имаат направено, рече Лога.

Највисоката казна затвор што треба судот да ја изрече за ова дело е доживотна казна затвор.

-Верувам и во МВР и во обвинителството и дека на крај Судот ќе ја изрече таа казна што монструмите ја заслужуваат, рече министерот за правда кој беше на настан во училиштето во Шуто Оризари.

- Реклама -