5 најнавредливи цртани филмови (видеа)

Барни Изговорите од типот на „тоа беа поинакви времиња“ веќе не се ефективни. Навредите биле навреди и тогаш. Разликата е во тоа што кога се случиле, никој не им посветил доволно внимание…

В лице на Фирерот

{youtube}mZiRiIpZVF4{/youtube}

Пајо Паторот, во 1943 се појавил во кусиот анимиран филм со наслов „В лице на Фирерот“. Истиот го исмева нацизмот и има за цел да го подигне моралот кај американската јавност, во најжестокиот период од војната. Сепак, овој филм е крајно навредлив. Во еден момент се покажува лик Јапонец кој има потполно жолта боја на кожата, се инсинуира дека Херман Геринг е хомосексуалец на невкусен начин кој вклучува употреба на музички инструменти, а при крајот, Пајо сонува дека е послушен Нацист. Ништо од ова не го запрело Волт Дизни да го добие оскарот за најдобар краток анимиран филм во 1943,а во 1994 бил изгласан на 22 место на листата на најдобри 50 цртани филмови на сите времиња.

„Рен и Стимпи: Ќотек со весло“ (непрепорачливо за луѓе со слаби нерви)

{youtube}jquQJNk-QtQ{/youtube}

Креаторот на овој цртан филм протежирал бесмислено насилство во цртан филм кој бил првенствено наменет за мали деца. Челниците на детскиот канал Николодион решиле дека има отидено предалку во моментите кога ја предал епизодата со наслов „Ќотек со весло“. Во неа, Рен, бесната чивава, тепа луѓе до смрт со весло. Уште потаму, постои сцена во која стои пред огледало и ги корне нервните завршетоци од устата. Епизодата никогаш не била пуштена на телевизија, креаторот добил отказ, а денес, таа може да се најде единствено на ДВД.

„Покемон: Електричниот војник“ (сцената која предизвикала епилептични напади – погледнете на сопствен ризик!)

{youtube}bO2tIZcP_Ko{/youtube}

Кога Покемон се појавил, изгледал како машина за правење пари која никако не може да загуби од својата вредност. Она што за малку ќе го уништело била епизодата „Електричен војник“ од 1998 година. 658 јапонски деца завршиле в болница, со дијагнози од главоболка, преку вртоглавици, па сè до епилептични напади. Епизодата потоа била забранета, а цртаниот филм продолжил да се емитува по четиримесечна пауза. Сепак, ништо не било загубено, со оглед на тоа што постојат преку 500 други епизоди.

Флинстоунс, реклама за Винстон

{youtube}yJt2L7riSLE{/youtube}

Во првите две сезони од Флинстоунс, спонзор на цртаниот биле цигарите Винстон. За нив била снимена реклама во која Фред и Барни се неверојатно мрзливи, ги оставаат жените да работат сè, а тие одат зад куќата, за да не мора ни да ги гледаат додека работат. Потоа двајцата земаат по една цигара и го величаат вкусот на цигарите и потенцираат дека мора да се пушат токму тие цигари, за сите да ве сакаат. Рекламата одела токму на средината од секоја епизода и им испратила „одлична“ порака на неколку генерации деца. Од третата сезона, Винстон се откажале и за среќа на нивно место дошол производител на сокови.


Душко Долгоушко се престорува во Црнец

{youtube}iGD6nYQpc6c{/youtube}

Едноставно кажано, тркалањето на земја пред Елмер Фад врескајќи: „Не ме тепај господару“ и не е така суптилно.

[5 Classic Cartoons They Don’t Want You To See]

- Реклама -