„Автентичен“ е збор на годината 2023-та


Во светот преплавен со манипулации со слики и дезинформации, англискиот збор “authentic” (автентичен) бил најпребаруван во 2023 година во САД во најпознатиот речник „Merriam-Webster“, објави издавачката куќа.

Зборот, кој сугерира дека Американците се загрижени за дебатите за вештачката интелигенција, идентитетот или социјалните мрежи, беше најпребаруван во овој интенртски речник, се вели во соопштението на „Merriam-Webster“.

Оваа издавачка куќа, чии референтни книги се претежно речници, наведува дека медиумските ултра познати личности, како што е пејачката-феномен Тејлор Свифт, оваа година инсистирале на важноста да се биде автентичен.

Неизбежниот магнат Илон Маск ги повика светските челници и носителите на одлуки да се изразат „на автентичен начин“ на социјалните мрежи.

Зборот „автентичен“ на тој начин во бројот на онлајн консултации го победи „deepfake“ (дипфејк), збор што означува софистицирана технологија за манипулирање со аудио-визуелни содржини.

Меѓу финалистите беше зборот „крунисување“, кој најчесто се барал во речникот во мај, кога британскиот престолонаследник беше крунисан и стана крал Чарлс III.



- Реклама -