37 отсто македонски семејства не можат да си ги платат сметките

Секое трето семејство во Македонија не може да си ги плати сметките.

Овие податоци се однедуваат за 2018 година, а претходните години земјава котирала полошо.

Евростат објави дека речиси 37 отсто или 209.000 домаќинства имаат проблем редовно да платат за електрична енергија, парно греење и вода. Претходните години тој број надминувал и над 40 отсто.

Во ЕУ, скоро 7 отсто од семејствата се соочуваат со овој проблем.

Кај јужниот сосед 36 отсто го имаат овој проблем, а во Бугарија 30 отсто од домаќинствата.

Во развиените земји, овој процент е многу низок. Во Швајцарија само 4.1 отсто семејства имаат потешкотии да си ги платат сметките, во Малта 6.9 отсто, Австрија 2.4, Холандија 1.5 отсто. Во Полска 6.3, а во Португалија 4.5 отсто домаќинства не можат да си ги покријат сметките. Во Норвешка смао 2.7 отсто имаат ваков проблем.

- Реклама -