Екс-премиерот Никола Груевски денеска од Будимпешта го критикуваше и Марјан Ѓорчев, кој во гостување во радио „Лидер“, меѓу другото, го обвини Груевски дека сака да го разруши ВМРО-ДПМНЕ во моменти кога партијата е најстабилна и има најголем број градоначалници во историјата на локалните избори.
„Марјан Ѓорчев очигледно утрово на радио пренесува негови сеќавања, размислувања, планови и спомени од минатото кога како поранешен потпретседател на партијата, направи негова нова партија и неколку изборни циклуси неуспешно настапуваше со неа на избори“, пишува Груевски.
„Кога го напуштија сите, а ние бевме најсилни во 2009 година му пружив рака, стана градоначалник а потоа и амбасадор, вкупно 8 години.
Искрено, очекував дека по доаѓањето на новата власт, а кога пред негови очи и уши се подготвуваше, се преговараше и се потпиша договорот со Бугарија од кој сега произлегуваат крупни проблеми за државата и нацијата, дека ќе биде доблесен, и ќе си поднесе оставка како амбасадор во знак на несогласување со тој договор. Тој сепак си го дослужи мандатот молчејќи и трчајќи покрај Заев, додека Заев го реализираше својот план, за потоа да ни раскажува по медиумите колку не чинел тој договор.
Одкако јас бранејќи национален интерес западнав во проблеми ниту еднаш не ми се јави барем куртуазно, и ако треба и лицемерно, да ме праша како сум, и како ми е.
Благодарам Марјане 🙂
Јака ‘штикла’ си станал во партијата сега! Советник на ИК! Честитки! Само напред! Гази!“, порача Груевски на Фејсбук.