365 Лекции по иритирање 2

iritiranje obratnoАко во првата лекција се здобивте со скршени ребра, овој пат ви гарантираме не само скршеници туку и комплетна изолација од страна на вашите најблиски. Изненадете ги вашите пријатели, забавувајте се со непријателите. Предвидуваме крај на вашиот социјален живот. Ве иритира ли слика поставена обратно? Ако ве иритира, кликнете ја за дополнителни лекции.

iritiranje obratno
Ако во првата лекција се здобивте со скршени ребра, овој пат ви гарантираме не само скршеници туку и комплетна изолација од страна на вашите најблиски. Изненадете ги вашите пријатели, забавувајте се со непријателите. Предвидуваме крај на вашиот социјален живот. Сликата е поставена обратно само за да ве иритира.
 
21. Направете “БИИИП“ секогаш кога ќе влезе дебел човек низ вратата

22. Развлечете јажиња низ вашиот двор и кажете им на комшиите дека вие сте всушност “Spiderman"

23. Носете го вашиот далечински управувач во специјална торбичка на ременот

24. Ако имате стаклено око, додека разговарате со некого, потчукнувајте го од време на време со пенкалото

25. Не додавајте никаква интонација на крајот од вашите реченици, притоа произведувајќи чудна тишина која на соговорниците ќе им направи чувство дека ќе продолжите со зборувањето секој момент

26. Затегајте ги максимално капачињата на шишињатата

27. Кажувајте случајни бројки додека продавачот ги брои парите

28. Нагодете ја бојата на вашиот телевизор со што сите луѓе ќе добијат зелена боја, а потоа инсистирајте кај останатите дека „така е попријатно за око„

29. Симулирајте удирање на тапани на секоја можна површина

30. Захефтајте неколку случајни страни од средината на некоја книга или списание

31. Снимете врз најинтересниот дел на изнајмениот филм 2 до 3 минути вести

32. Ставајте ги неопходните состојки како на пример солта и шеќерот на непристапни места

33. Наместете ги сите аларми низ куќата на случајни времиња

34. Нарачајте леб во кинески ресторан

35. Нарачајте леб со хамбургерот

36. Свирете и мавтајте на непознати

37. Променете канал 1 минута пред крајот на секоја емисија

38. КУЦАЈТЕ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ

39. куцајте само со мали букви

40. На изнајмени и позајмени книги, напишете го решението на мистеријата на првата страна
 
Се надеваме дека го упропастивме вашиот социјален живот. До наредните лекции: Мрш!
 
- Реклама -