Косовската царина заплени 64 тони фалсификувана „Кока-кола“, веројатно произведена во Ирак

Приштина, 17 октомври 2022 (МИА) – Царините на Косово објавија денеска дека заплениле 64.300 литри „Кока-кола“ за кои постои сомневање дека се фалсификувани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението за јавноста, при преглед на стоката на граница запрен е товар со трговската марка „Кока-кола“ за кој се претпоставува дека е фалсификуван и дека бил произведен во Ирак.

Во соопштението не се наведува на кој граничен премин е откриен нелегалниот товар, а нема информации ниту за идентитетот на превозникот.

Царинските власти напоменуваат дека, според важечките законски прописи, фалсификувана стока не смее да се пушти во промет, затоа запленетите количества ќе бидат подложени на процес на уништивање.

- Реклама -