35 илјади евра, односно 2.1 милион денари на граѓаните ќе бидат потрошени за поставување на ограда (која веројатно не е златна) околу училиштето во селото Луке во општина Крива Паланка, пишува новинарот Горан Момироски во колумна за „Експрес.мк“.
Како што пишува тој, во училиштето во планинското село во моментов учат вкупно 4 ученици, а за некоја година се очекува да нема ниту еден.
Тендерот, пишува Момироски, го објавил и склучил директорот на централното основно училиште Јоаким Крчовски во Крива Паланка, а се однесува на подрачното училиште во селото Луке кое се наоѓа во близина на тромеѓето Македонија – Србија – Бугарија. Повеќе детали прочитајте ТУКА.
ФОТО: Википедија, Google Maps (принтскрин), Е-набавки