Детектиран првиот случај на флурон (комбинација од грип и ковид) во земјава

Детектиран е еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26-годишен пациент од Општина Зајас, соопшти денеска Министерството за здравство.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во земјава.

„Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика“, посочуваат од Министерството.

- Реклама -