Папата Франциск ги критикуваше паровите кои не сакаат да имаат деца

Рим, 5 јануари 2022 (МИА) – Папата Франциск денеска ги критикуваше двојките кои одлучуваат да немаат деца, јави ДПА.

„Премногу двојки немаат деца затоа што не сакаат, или имаат само едно затоа што не сакаат повеќе“, изјави 85-годишниот свет отец пред голем број верници во Ватикан.

„Но, тие имаат две кучиња, две мачки. Кучињата и мачките го заземаат местото на децата. Да, ве разбирам, тие ве насмевнуваат, но тоа е реалноста“, продолжи лидерот на Католичката црква, пренесе германската агенција.

Цивилизацијата старее и нема хуманост бидејќи се губи богатството на родителството, предупреди тој.

„Оние кои живеат во светот и стапуваат во брак мора да размислуваат да имаат деца“, нагласи понтифот.

Да се има деца по природен пат или преку посвојување е ризик, но немањето е уште поризично, додаде тој.

Папата минатата недела кажа дека Италија се соочува со „демографска зима“, кога беа објавени бројките за наталитетот во земјата, а од кој се виде дека тој повторно опаднал.

- Реклама -