Млад струмичанец наместо да слави роденден донираше новогодишни пакетчиња

Младиот струмичанец Благој Спасов вчера наместо да го прослави својот 26 роденден одлучил да купи 30 новогодишни пакетчиња, кои денеска ги донираше во струмичкиот Црвен крст.

„Се чувстувувам многу убаво и цврсто одлучив од оваа година па понатаму мојот роденден да го одбележувам на овој начин. Досега донирав по малку на различни организации, но веќе сметам дека во мене созреа свеста дека треба да се помага на најранливите категории деца за да можат и тие барем малку да ги почувствуваат радостите од празниците“, вели Спасов.

Додава дека сака да помага и дека хуманоста и солидарноста треба да се одлика на секој човек кој може тоа да го прави.

„Најважно е да си подаваме рака еден на друг и сметам дека светот за сите ќе биде многу лесно место за живеење. Апелирам тоа да биде мотото на сите кои сакаат да донираат“, додаде младиот струмичанец Благој Спасов.

Од Црвен крст Струмица информираа дека новогодишните пакетчиња ќе им бидат поделени на деца од ранливи категории.

МИА

- Реклама -