Од денеска се воведуваат ноќни линии на ЈСП во Скопје

Скопје, 28 декември 2021 (МИА) – Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Се работи за 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Како што соопштија градските власти, воведувањето ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП Скопје и на Град Скопје.

„На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години“, се вели во соопштението.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ (http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=2300).

- Реклама -