Пратеник од коалицијата Алијанса/Алтернатива за ТВ21: „Нѐ измамија! Ќе го повлечам потписот!“

Се очекува еден од 12-те пратеници на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива да го повлече својот потпис од „новото мнозинство“ кое синоќа го соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, објави ТВ21 по разговор со посочениот пратеник.

Како што пренесува порталот, резервите кај некои од албанските пратеници околу новото парламентарно мнозинство се однесуваат на партијата Левица и нејзините ставови, кои се спротивни со нивните.

Еден од пратениците Албанци, кој сакал да остане анонимен, дури обвинил и дека биле измамени.

„Нѐ измамија, ќе го повлечам потписот“, цитира ТВ21.

Сепак, додава порталот, официјалниот став на коалицијата АА-ААА останува непроменет, а тоа го потврдил и пратеникот Халил Снопче, според кого новото мнозинство останува исто, без оглед на гласините дека има пратеници кои се „предомислиле“.

Прочитајте и:  Алијанса за Албанците: Итно се потребни предвремени парламентарни избори
- Реклама -