Шефот на колумбиската полиција: Мафијата од Балканот е главен сојузник на кланот Голфо

Богота, 4 ноември 2021 (МИА) – Шефот на колумбиската полиција – Хорхе Луис Варгас, изјави дека еден од петте главни сојузници на наркокартелот Клан дел Голфо е балканската мафија.

Тој наведе дека дрогата од Колумбија и од Централна Америка со бродски контејнери е транспортирана до Холандија и до Шпанија, а потоа по копно до Балканот.

„Ова злосторничка организација има пет главни сојузници за шверц на кокаин ширум светот. Во Мексико сојузници ѝ се картелите Јелиско Нуева Генерасион и Синалоа, во Европа калабриската и сицилијанската мафија и мрежите за трговија со дрога на Балканот“, изјави Варгас.

Водачот на Клан дел Голфо –  Дарио Усуга, познат како Отонијел, е уапсен на 24 октомври во северозападна Колумбија и набрзо треба да биде екстрадиран во САД.

Отонијел се смета за еден од најопасните светски дилери, а Клан дел Голфо брои околу 3.500 луѓе, според официјалните податоци на колумбиската полиција.

- Реклама -