Јакимовски прогласи победа во Карпош

Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Карпош на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вечерва прогласи победа. Тој изјави дека Карпош повторно ќе биде водечка општина и оти вратите на локалната самоуправа ќе бидат секогаш отворени за граѓаните без разлика дали тие гласале за него или не.

– Во наредниот период ќе ги корегираме грешките, ќе работиме уште попосветено и поорганизирано и уште повеќе ќе бидат отворени вратите на Карпош за да ги решаваме нивните секојдневни проблеми. Чувствувам големо задоволство, но никако триуфализам. Сакам да им порачам на граѓаните дека сите сте добредојдени во Општината, без разлика дали сте гласале за мене, рече Јакимовски.

Тојрече дека од самиот почеток бил убеден дека ќе победи, бидејќи верувал во народот.

– Ме почестивте како никогаш досега. Ова е најсреќниот момент во мојот живот. Никогаш не ја изгубив вербата во Карпош, рече Јакимовски.

Во вториот круг од изборите, Јакимовски за противкандидат го имаше Душко Весковски од СДСМ.

- Реклама -