Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) – Преку 27 отсто од граѓаните сметаат дека понудата на СДСМ на престојните локални избори е најдобра, а 24.7 отсто на ВМРО-ДПМНЕ, покажува последната анкета на агенцијата Стратум Р&Д објавена на „Макфакс“.
На прашањето за која советничка листа би гласање граѓаните доколку утре се одржуваат локалните избори, за листите на СДСМ би гласале 24.9 отсто од граѓаните, а 22.8 отсто за листите на ВМРО-ДПМНЕ.
По СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, следи Независна листа со 12.9 отсто, а нема да излезат на гласање 12 отсто од граѓаните. За ДУИ се определиле 10 отсто, за Алијанса на Албанците 9.3 отсто и други 1.7 отсто.
На прашањето која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда, за СДСМ се определиле 27.1 отсто, за ВМРО-ДПМНЕ 24.7 отсто, за Независна листа 13.4 отсто, за ДУИ 11 отсто, за Алијанса на Албанците 10 отсто, за Левица 6.5 отсто, други 4.7 отсто, за ДОМ 2.6 отсто.
И според податоците од последната анкета на „Брима“ повеќе гласови има СДСМ и претседателот на партијата Зоран Заев.