Полициска потера по незауздан коњ во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово (ВИДЕО)

Неколкуминутна полициска потера по незауздан коњ со запрежна кола се одвивала на автопатот Скопје-Тетово, покажува видео споделено синоќа на социјалните мрежи.

Како што се гледа од снимката, коњот трча во спротивна насока, претставувајќи голема опасност за учесниците во сообраќајот.

Тоа, се чини, се менува кога на сцена стапува полицијата. Најпрво, полициско возило го стигнува коњот и, иако неидеално во дадената ситуација, со вклучена сирена го придружува исплашеното животно. Иако на прв поглед делува многу комично и несмасно, веројатно (читај: сакаме да веруваме дека) целта е да се предупредат возачите отспротива за да се избегне потенцијално сериозна несреќа. Пар километри и околу 4 минути подоцна, меѓутоа, се забележува дека полицијата веќе се погрижила да ги запре возачите и да го расчисти патот додека не се отстрани опасноста. Тогаш и второ полициско возило се приклучува во потерата и го притеснува коњот до банкината, по што животното конечно е запрено.

- Реклама -