Шилегов: Првата од трите галии во Вардар заминува во историјата (фотогалерија)

„Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата!“, објави попладнево скопскито градоначалник Петре Шилегов, информирајќи дека започнало отстранувањето на една од галиите во реката Вардар, поставени во рамки на проектот Скопје 2014.

„Скопје, една поинаква приказна!“, додава Шилегов во постот.

На објавата на Шилегов реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за време на чие владеење беа поставени галиите. Нивното остранување, според опозицијата, е само предизборен маркетинг на Шилегов, кој на претстојните локални избори ќе претендира за уште еден мандат.

- Реклама -