Пендаровски: Јас не би чекал ни секунд, би си поднел оставка од морални причини (ВИДЕО)

Доколку под негова надлежност би се случила трагедија како онаа во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица поради кои е прогласена тридневна жалост во земјава, претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш би си дал оставка. Тој тоа го изјави во емисијата „360 степени“ на „Алсат“ која ќе биде емитувана вечерва.

Потсетен на неговата изјава од Тетово, кога порача дека „за одговорност треба да се почека исходот од истрагата“, и прашан „зошто“ би требало да се чека, Пендаровски објасни дека во таа изјава зборувал за конкретен тип на одговорност – за кривично-правна одговорност.

„Ако ме прашувате лично, кога не дај боже би бил еве јас конкретно во таква ситуација, тие што ме познаваат го знаат одговорот: Јас не би чекал ни секунд, би поднел оставка од морални причини“, вели Пендаровски во исечокот/најавата што ја објави „360 степени“.

- Реклама -