Во Орегон повторно е задолжително носење маска на отворено, вклучително и за вакцинираните

Салем, 25 август 2021 (МИА) – Маските повторно ќе бидат задолжителни на отворено во Орегон, соопшти гувернерката на таа американска сојузна држава, во услови кога САД се борат со зголемување на случаи на Ковид-19.

Со одредбата, која стапува во сила во петок, северозападната држава ќе биде првата во САД што повторно ќе воведе правило што беше вообичаено во најтешките денови на пандемијата.

„Делта варијантата се шири брзо и далекусежно, затоа нашата земја е на ниво на криза без преседан во пандемијата“, рече гувернерката Кејт Браун.

Бројот на заразени и хоспитализирани е на рекордно високо ниво, рече таа. Истражувањето од 2019 година покажа дека Орегон е меѓу сојузните држави со најмал број болнички кревети по глава на жител во земјата.

„Се покажа дека маските се ефикасни во намалувањето на бројот на заразени и во моментов тоа е неопходна мерка дури и на отворено, за да се помогне во борбата против коронавирусот и да се заштитиме едни со други“, додаде Браун.

Правилата значат дека секој – вакциниран и невакциниран – мора да носи маска на секое јавно место каде што се мешаат луѓе од различни домаќинства.

- Реклама -